08 април 2023

„МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“, превентивна активност на СВР Тетово

Денеска (8 април) во Тетово беше спроведена третата по ред превентивно-информативна активност како содржински дел од кампањата на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат за јакнење на довербата помеѓу полицијата и заедницата. На две локации во градот, на градскиот плоштад и во близина на тетовскиот Зелен пазар, полициски службеници им делеа на граѓаните пригодно изработени летоци, во кои се поместени повеќе информации поврзани со принципите на полициското работење, главните професионални полициски цели, механизмите за контрола на полициското работење во заедницата и за формите и начините на градење меѓусебна доверба и ефикасна двонасочна партнерска соработка.

Покрај ова, во непосреден контакт, граѓаните прашуваа и добија конкретни одговори за сервисните услуги што секојдневно им ги нуди МВР.

Денешната средба на граѓаните и полицијата беше трета од крајот на минатиот месец досега, а нејзина приоритетна цел е да се прошири и продлабочи соработката на полицијата и заедницата во функција на справување со сите видови криминал и воспоставување поголема безбедност на сите граѓани во заедницата.