Денеска (08.04.2023) полициски службеници од ОВР Крушево на плоштадот во Крушево, спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.
При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полицискoто работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните. На најмалите - дечињата во присуство на нивните родители им беа презентирани опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.