Денеска (08.04.2023) полициски службеници од ПС ОН Виница и Отсекот за превенција при СВР Штип спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.
При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полицискто работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните. На присутните им беа презентирани и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење. Крајната цел од тоа партнерство на доверба меѓу полицијата и граѓаните е создавање и одржување безбедни и мирни населби и подобар квалитет на живеење.