Денеска (08.04.2023) Отсекот за превенција при СВР Велес и Регионалниот центар за гранични работи Југ на градскиот плоштад во Неготино ја промовираа заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат под мотото ,,МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност". Притоа, на граѓаните на неготинскиот плоштад од страна на полицијата им беа поделени летоци со содржини од кампањата ,,МВР за граѓаните".
Истовремено, организиран е и ,,Отворен ден со полицијата,", каде на децата и присутните граѓани им е презентирана опремата која ја користи полицијата при секојдневното извршување на работните задачи.