08 април 2023

Во Кратово претставена кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.

Денеска (08.04.2023) полициски службеници од ОВР Кратово на плоштадот во Кратово спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“. Целта на кампањата е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот -полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полицискoто работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните. На граѓаните исто така им беа презентирани опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.