07 април 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Одделението за превенција при СВР Скопје во координација со полициски службеници од ОБПС, денеска организираше едукативни работилници од областа на сообраќајот во основните училишта “Стив Наумов“ и “Глигор Прличев“ на подрачјето на ПСОН Гази Баба и “Братство“ на подрачје на ПО Петровец.

Во рамките на овие планирани едукативни работилници за учениците од училишните Клубови за превенција формирани од ученици во седмо, осмо и деветто одделение, а согласно превентивниот проект “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, преку видео презентација тие беа запознати со основните информации во делот на сообраќајната култура и совесното однесување во сообраќајот, потоа со најважните сообраќајни правила и прописи со посебен фокус на оние кои директно влијаат врз безбедноста на децата кои се учесници во сообраќајот во улога на пешаци.

Покрај оваа активност, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје спроведе едукативна работилница и со децата од предучилишна возраст во ЈУГД “Буба Мара“, клон Пчеличка 1, Пчеличка 2 и Лавче, а на тема – “Запознавање со професијата полицаец-сообраќаец“. При тоа на децата им беше објаснета улога на сообраќајниот полицаец, како и основните знаење од областа на сообраќајот прилагодени на предучилишната возраст.
Исто така, заедно со претставници на пензионерското здружение “Солидарност“ на подрачјето на општина Аеродром денеска се реализираше едукативно предавање на темата – “Превенција од имотни деликти“.

Претставниците и членовите на здружението преку видео презентација беа запознати со низа важни информации, со улогата на полицијата и потребата за тесна соработка и комуникација меѓу локалната заедница и полицијата, а се во насока на подобра заштита и превенирање од овие облици на криминал.