Во периодот од 27 март до 07 април 2023 година во Центарот за обука се одржа обука за обучувачи за вработени во Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.
Обуката ја спроведоа редовни обучувачи од Центарот за обука, а истата заврши со денешното доделување на Потврдите за завршена обука.
Оваа обука е само една од низата обуки кои ги спроведува Центарот за обука во континуитет и истата ќе биде дел од годишниот каталог на обуки кој е во фаза на подготовка и изготвување во соработка со ОБСЕ.
Со успешно спроведената обука ќе добиеме обучувачи кои во иднина ќе можат да ги применуваат современите методи на учење во обуката на вработените како предавачи – обучувачи и кои меѓудругото ќе можат да го пренесат своњето знаење и искуство на други слушатели.