Вчера (06.04) полициски службеници од СВР Битола заедно со преставници од Дирекцијата за заштита и спасување, од Центарот за управување со кризи, ЈП Македонски шуми, од Министерство за земјоделие, од Шумска полиција, како и претставници на јавните претпријатија на подрачје на Битола, одржаа работна средба во просториите на Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.
Основна тема на средбата беше подготовката на концепт за заедничко делување како и превземање на превентивни мерки и активности за заштита, спасување и спречување на пожари во престојниот период на подрачјето под надлежност на Секторот за внатрешни работи Битола.
Вчера, пак, полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и Отсекот за превенција при СВР Битола, а во рамки на континуираните превентивни активности, реализираа едукативна работилница во основното училиште “Коле Канински“ во Битола со ученици од осмото и деветтото одделение од ова основно училиште. Притоа на работилницата посветена на темата за сообраќајната безбедност на учениците, посебно внимание се посвети на сообраќајните правила и прописите при управување на мопед, а воедно полициските службеници запознавајќи ги учениците со сообраќајните правила и прописи, фокусот на предавањето го насочија кон совесното и прописно управување со моторцикли, електрични тротинети, велосипеди, што младите најчесто ги користат во сообраќајот.