06 април 2023

„Превенција од насилство во спортот“, превентивно-едукативен проект на Отсекот за превенција при СВР Тетово

 

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска (6 април) започна со практична имплементација на нов превентивно-едукативен проект „ Превенција од насилство во спортот“, чиј носител е Отсекот за превенција.
Со проектот ќе бидат опфатени околу 3000 ученици од трета година, кои следат настава на македонски, албански и турски јазик во сите тетовски и гостиварски училишта. Стручно обучени полициски службеници на учениците-средношколци, на посебни часови, ќе ги информираат за законските импликации предвидени во Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари, а со кои можат да се соочат доколку иницираат или непосредно бидат инволвирани во инциденти на натпревари или манифестации од спортска природа и карактер.


На часовите, исто така, на учениците ќе им се укаже и на општествената и друга потреба за меѓусебно почитување и толеранција, без разлика на нивната етничка, верска и друга припадност, за воздржување од говор на омраза и за надминување на разните видови предрасуди и стереотипи. Проектот се планира да се реализира овој и идниот месец, со цел преку информирање и едукација навреме да се превенираат можни инциденти и други несакани настани на спортските натпревари.