Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Неготино денеска (05.04.) нa подрачјето на ОВР Неготино реализираа сообраќајно-едукативна акција под мотото – “Стави појас“.
Во рамки на активностите, на повеќе локации околу Неготино, на возачите им беше укажувано за важноста, и од законски и од безбедносен аспект, од неопходното користење на заштитните сигурносни појаси. Воедно од страна на полициските службеници беа делени едукативни печатени материјали изработени со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како коорганизатор на оваа кампања, со информативни содржини од областа на безбедноста во сообраќајот и безбедното управување со возило.