Денеска (05.04.) во Крушево Секторот за внатрешни работи Битола во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, реализираше активности од кампањата “Стави појас“, а со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и подигање на свеста за употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците.
На возачите им се укажуваше дека користењето на сигурносните појаси во многу ги анулира можностите за повреди при сообраќајни незгоди, воедно им беше поделен и едукативен печатен материјал со цел подбро информирање за придобивките од користењето на сигурносни појаси и намалување на ризиците во сообраќајот на патиштата.
Покрај оваа активност, денеска и полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола, во средното училиште “Ѓорче Петров“ во Прилеп спроведоа едукативно предавање на тема – “Компјутерски злоупотреби на социјалните мрежи“, при што на учениците им презентираа бројни примери за злоупотреба за социјалните мрежи, а посебно внимание се посвети на мерки за самозаштита и на откривање на потенцијалните закани со цел превенција од истите.