Денеска (05.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во основното општинско училиште “Наум Охридски“ во Охрид одржаа едукативна работилница на тема “Булинг и сајбер булинг“ со ученици од шесто до деветто одделение од ова основно училиште.
Учениците беа запознати со овие појави на насилно вербално однесување особено меѓу врсниците, што не мора да бидат ограничени само на интернетот туку и во и надвор од училишните средини. Исто така, учениците беа запознати со начините како да се заштитат и да ги превенираат овие појави доколку ги забележат и како и каде треба да ги споделат таквите информации.