Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје како дел од годишната програма за превенција денеска (03.04.) полициски службеници од одделението заедно со полициски службеници од ПСОН Ѓорче Петров реализираа едукативни работилници во општинските основни училишта „Ѓорче Петров“ и „Страшо Пинџур“, посветени на темата – говор на омраза, односно како да се превенира ваквата појава.
Исто така, денеска, Одделението за превенција при СВР Скопје реализираше превентивна активност и во ЈУГД “Буба мара“ односно едукативно предавање на тема – “Запознавање со професијата полицаец – сообраќаец“ со цел на децата од предучилишна возраст да им се приближи улогата на сообраќајниот полицаец, а секако и да се стекнат со основните знаења од областа на сообраќајот, прилагодени на нивната возраст.