01 април 2023

„МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“ презентирана во Старата скопска чаршија

Денеска (01.04.2023) во Старата скопска чаршија на подрачјето на Полициска станица Бит пазар, полициските службеници од СВР Скопје спроведоа активност во рамки на заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните- заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Во рамките на проектот, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и од Полициската станица Бит Пазар на граѓаните им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентираа улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот, владеењето на законите, работи на сузбивање на криминалот и води борба со сите криминогени појави во општеството.