01 април 2023

„МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“, превентивна активност на СВР Штип -ОВР Кочани

Денеска (01.04.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип и Полициската станица Кочани, на плоштадот пред трговскиот центар во Кочани спроведоа активност во рамките на кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“.

При реализација на кампањата на граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а од страна на полициските службеници им беше презентирано и објаснето полицискто работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните. На овој начин полицијата е поблиску до граѓаните и дејствува кон зајакнување на довербата во интерес на заедницата, се со цел обезбедување побезбедна средина за живеење за сите граѓани.