Денеска (01.04.2023 година) на плоштадот "Маршал Тито" во Валандово полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица и Одделението за внатрешни работи Валандово ја реализираа кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“.
Со делење на летоци и непосреден разговор со граѓаните, полициските службеници ја потенцираа пораката на оваа кампања дека полицијата постои за да биде во служба на заедницата, да креира побезбедни средини за граѓаните, каде тие ќе чувствуваат поголема сигурност.
Интересот на граѓаните од Валандово кои застанаа и разменија мислења со полициските службеници беше забележителен, со што се постигнува целта на оваа кампања полицијата да биде уште поблиску до граѓаните и преку градење на доверба и меѓусебна соработка да се зголеми безбедноста, која е од заеднички интерес за сите.