01 април 2023

Во Крива Паланка претставена кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба и одговорност“

Денеска (01.01.2023) на Градскиот плоштад во Крива Паланка, полициските службеници од СВР Куманово спроведоа активност во рамки на заедничката кампања на МВР и Македонскиот полициски синдикат „МВР за граѓаните- заедница, доверба, одговорност“, чија цел е доближување до граѓаните за суштината, вредностите и карактеристиките на концептот - полициско работење со заедницата, важноста на градењето партнерство помеѓу полицијата и граѓаните, но и механизмите за контрола врз полицијата што придонесуваат за зголемување на нејзиниот кредибилитет и интегритет.

Во рамките на проектот, полициски службеници од отсекот за превенција и од полициската станица Крива Паланка на граѓаните им поделија едукативен материјал и низ непосредни разговори ја презентираа улогата на полицијата во заедницата, задолжена за безбедноста на граѓаните и општеството која го гарантира редот, мирот, владеењето на законите, работи на сузбивање на криминалот и води борба со сите криминогени појави во општеството.