01 април 2023

"МВР за граѓаните" со активности во Кавадарци

На 01.04.2023 година, Отсекот за превенција при СВР Велес и Регионалниот центар за гранични работи Југ, на Градскиот плоштад во Кавадарци ја промовираа заедничката кампања на МВР и МПС под мотото ,,МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност". Притоа, на граѓаните на кавадаречкиот плоштад од страна на полицијата им беа пиделени летоци со содржини од кампањата ,,МВР за граѓаните". Истовремено организиран е и ,,Отворен ден со полицијата,", каде на децата и присутните граѓани им е презентирана опремата која ја користи полицијата при секојдневното извршување на работните задачи.