30 март 2023

Едукативни работилници на СВР Скопје

Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од Полициските станици од општа надлежност Ѓорче Петров и Карпош, како и полициски службеници од Полициските одделенија Сарај и Петровец и од Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска (30.03.) беа реализирани седум едукативни работилници за основците од неколку основни училишта на подрачјето на Скопје.
Така, во основните училишта „Ѓорче Петров“ и „Страшо Пинџур“ на подрачјето на

ПСОН Ѓорче Петров се одржаа две работилници на темата – „Насилство преку социјални мрежи“. Учениците преку видео презентација беа запознати како таквите појави благовремено да се превенираат.
Потоа, во основните училишта “Братство“ (на подрачјето на ПСОН Карпош) и “Перпарими“ (на подрачјето на ПО Сарај) заедно со учениците од училишните Клубови за превенција се реализираа видео презентации на темата – “Зависности“.

Во основното училиште “Кочо Рацин“ (на подрачјето на ПО Петровец) се одржа работилница на темата – “семејно насилство“, на која што учениците и членовите на училишниот Клуб за првевенција беа запознати со најважните информации околу оваа девијантна појава која што може да се манифестира на различни начини.
Исто така, денеска во основните училишта “Ѓорче Петров“ и “Климент Охридски“ (на подрачјето на општина Чаир) во рамки на превентивната кампања “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ се одржаа две работилници при што преку интерактивен метод и мултимедијални примери, на учениците им беа презентирани и објаснети информации за основите на сообраќајната култура, сообраќајните правила, прописи и знаци, со посебен акцент на оние кои директно влијаат врз безбедноста на децата кои се учесници во сообраќајот во улога на пешаци.