28 март 2023

Превентивна активност на ОВР Свети Николе за побезбеден сообраќај

Денеска (28.03.) полициски службеници при ОВР-Свети Николе спроведоа едукативна кампања од областа на сообраќајот на повеќе локации на патните правци на автопатот А4 кај патарина-Преод и на регионалниот пат Свети Николе –Куманово. Притоа, во рамки на превентивниот проект – “Не користи мобилен телефон додека возиш“, во непосредна комуникација со граѓаните, односно возачите, полициските службеници укажуваа на опасноста од користење на мобилен телефон за време на возењето, како и за сериозните последици што може да ги предизвикува таквото однесување.

На возачите исто така им беше укажано за потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал изработен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со цел превенција и заштита од оваа појава и воедно зголемување на свеста на учесниците во сообраќајот во интерес на личната и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.