28 март 2023

Превентивна активност на СВР Битола за побезбеден сообраќај

Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола и Отсекот за превенција при СВР Битола, денеска (28.03.) во основното училиште “Трифун Пановски“ во Битола реализираа едукативна превентивна работилници од областа на сообраќајот, со посебен акцент на правилата и прописите при управување на мопед.

Во тек на работилницата полициските службеници ги запознаа учениците од осмо и деветто одделение од ова училиште околу сообраќајните правила и прописи. Исто така, посебно внимание се посвети и околу совесното и прописно управување со моторцикли, електрични тротинети, велосипеди, што младите најчесто ги користат во сообраќајот.