27 март 2023

Превентивна активност на ОВР Свети Николе

Денеска (27.03.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Свети Николе, при СВР Штип, во Домот на културата “Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе реализираа едукативна работилница со учениците од основното училиште “Кирил и Методиј“ од Свети Николе на тема “сајбер булинг“.

На учениците од страна на полициските службеници, преку наменски подготвено предавање, збогатено и со практични полициски искуства, им беа презентирани начините на препознавање и превенирање на оваа социо-патолошка појава која што може да има и крајно штетни последици по младите – жртви на “сајбер булинг“.