Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола при СВР Битола, денеска (23.03.) во основното училиште “Елпида Караманди“ во Битола реализираа едукативно-превентивна работилница од областа на сообраќајот.
Притоа, на работилницата полициските службеници преку соодветно подготвена презентација ги запознаа учениците од осмо и деветто одделение од ова основно училиште со базичните сообраќајни правила и прописи а посебно внимание се посвети и околу правилата и прописите при користење на велосипед, моторцикли, електрични тротинети, што младите најчесто ги користат во сообраќајот.