На 21.03.2023 во Регионален центар за гранични работи Исток, полициските службеници организираа едукативна средба со претставници на здруженија на граѓани (планинарски,еколошки друштва,резервни воени старешини , извиднички, мотокрос клубови, ловно здружение итн.) посветена на заштитата од пожари како и од евентуални нелегални преминувања на границата.
Полициските службеници преку соодветна презентација ги запознаа присутните на средбата со законот за гранична контрола, во делот на поминување на државната граница, а ја потенцираа и важноста од меѓусебна соработка за заштита од пожари на отворен простор. На присутните им беа поделени едукативни летоци за заштита од пожари.