Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во содејство со припадници од Полициската станица за безбедност во патниот сообракај Велес и Републичкиот совет за безбедност на сообракајот на патиштата, денеска (21.03.) реализираа превентивна активност во склоп на кампањата "Паркирај совесно, паркирај одговорно".
На различни локации во градот Велес во непосредна комуникација со учесниците во сообраќајот, пред се со возачите, полициските службеници укажуваа за важноста од правилното паркирање и незагрозувањето на слободниот проток на пешаци. Исто така на возачите им беа делени и печатени едукативни материјали изработени со поддршка од РСБСП со информативни содржини во рамки на кампањата “паркирај совесно-паркирај одговорно“.