Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (20.03.) на локации на регионалниот пат Неготино-Кавадарци реализираа превентивна активност во рамки на превентивните кампањи “Стави појас додека возиш“ и “Носи кацига“, што се спроведуваат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. При тоа на возачите на патнички моторни возила и на моторцикли им беше укажувано за важноста од почитувањето на правилата заради нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот, а воедно им беа делени и печатени едукативни летоци изработени со подршка од РСБСП за законските мерки и прописи по однос на овие безбедносни одредби.