20 март 2023

Приведени двајца крадци од липковско

На 19.03.2023 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.С.(18) и Н.М.(19) двајцата од село Слупчане, липковско.
Тие се сомничат дека на 28.02.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети.
А.С. и Н.М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.