Денеска (18.03.2023) од страна на полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и полициски службеници од Полициското одделение Сарај, на подрачјето на Општина Сарај, беше реализирана превентивно-едукативна активност од областа на сообраќајната безбедност.
Имено, во рамки на реализираната активност на возачите пресретнати во близина на наплатната рампа Глумово им беа поделени летоци со едукативна содржина, кои ги содржеа пораките: "Биди Паметен! Не заборавај!", "Возачите и патниците секогаш мора да користат сигурносен појас", "Дури и на кратко патување, задолжително СТАВИ ПОЈАС!"