Вести

18 март 2023

Припадници на полицијата и на инспекторатите спроведоа заеднички контроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен, затекнат малолетник, за неправилностите изречени глоби


Покрај заедничките контроли во угостителските објекти, во текот на вечерта (17/18.03 2023) полициски службеници на Бирото за јавна безбедност при МВР во содејство со инспектори од државните инспекторати и Управата за јавни приходи реализираа заеднички контроли во казина во Кавадарци, Прилеп, Битола и Ресен.
Притоа, во казно во Кавадарци е констатирано непрописно работење од страна на УЈП, а затекнат е и еден малолетник во објектот, за што ќе биде поднесен соодветен поднесок. Од страна на УЈП неправилно работење е евидентирано и во казино во Прилеп, за што ќе биде изречена санкција, додека глоба за не водење на книга на благајна, согласно чл.157 од Законот за игри на среќа, од страна на УЈП е изречена и за казино во Битола