Денеска (17.03.) Отсекот за превенција при СВР Велес со учениците од прво и деветто одделение од ООУ „Пере Тошев“ во општина Росоман организираа средба на која на учениците им беше претставена професијата “полицаец“ и презентирани им беа дел од опремата и средствата кои што се користат во секојдневното извршување на работните обврски.
Исто така, денеска, од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес на регионалниот пат А1 “Градско-Прилеп“ кај Росоман беше спроведена едукативно превентивна активност во рамките на кампањата “Стави појас“, при што на возачите им беше укажувано за потребата за користење на сигурносните појаси во возилата и последиците од некористењето, а им беше поделен и едукативен материјал.