17 март 2023

СВР Штип лиши од слобода три лица по распишани централни потерници за сторени кривични дела „тешка кражба“

Денеска (17.03.2023) полициски службеници од СВР Штип по распишани централни потерници поради бегство од казнено-поправните установи ги лишиле од слобода: Е.М.(34) од Штип, за доиздржување казна затвор од 3 години и 6 месеци во Затвор Штип, Б.М.(31) од Штип, за доиздржување казна затвор од една година во Затвор Штип и С.И.(30) од Штип, за доиздржување казна затвор од три месеци во Затвор Струмица.

Во текот на денот лицата ќе бидат спроведени до надлежните казнено-поправни установи.