17 март 2023
Приведен дилер од Штип, при претрес пронајдена дрога
Денеска (17.03.2023) од страна на полициски службеници од СВР Штип лишен е од слобода М.Д.(34) од Штип.
Имено, по претходно обезбедена наредба од Основен суд Штип, извршен е претрес во дом и помошни простории кај М.Д., при што е пронајдена марихуана.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.