Денеска (16.03.) и вчера (15.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП и полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје организираше едукативно превентивна активност во рамките на кампањата “Паркирај совесно-паркирај одговорно“, на подрачјето на општина Центар, поточно на бул.“Илинден“, а во текот на вчерашниот ден на подрачјето на општина Чаир, односно ул.“Цветан Димов“ пред Основно училиште “Лирија“ и бул.“Христијан Тодоровски Карпош“, каде на возачите им беше поделен и едукативен материјал.
Исто така, во текот на вчерашниот ден, од страна на полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во координација со Одделението за превенција при СВР Скопје реализирана беше превентивна едукативна работилница на тема “Трговија со луѓе“ со учениците од клубот за превенција во ОУ “Глигор Прличев“ и ОУ “Стив Наумов“. Особено внимание беше посветено на препознавањето на овие појави, нивното пријавување и соработка со полицијата заради превенција од истите.