Денеска (10.03.) полициски службеници за превенција при ОВР Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото “Вози одговорно - стави појас“. Превентивната активност беше реализирана на неколку патните правци во и околу Свети Николе, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа одредба .
Исто така, полициските службеници ја потенцираа, низ практични искуства, и значајната заштитна улога што ја има сигурносниот појас при случена евентуална сообраќајна незгода. Од страна на полициските службеници беше делен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а се со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на својата лична, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.