Денеска (08.03.) полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во сорботка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во повеќе градови под належност, односно на подрачјето на овој сектор за внатрешни работи, а по повод меѓународниот Ден на жената, 8-ми Март, реализираше превентивни активности од областа на сообраќајот.
Така во Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Македонски Брод и Демир Хисар полициските службеници честитајќи го празникот на жените-возачи укажуваа на нужноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено кога станува збор за користењето сигурносен појас, потоа некористењето на мобилни телефони при возење, неуправување со возило при дејство на алкохол, прилагодување на брзината на движење и слично. На граѓаните им беа делени и печатени информативни материјали изработени во соработка со РСБСП.