Денеска (08.03.) полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Свети Николе, во соработка со локалниот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе, реализираа превентивна активност по повод 8 март -Денот на жената.
Притоа на повеќе локации во Свети Николе како и во централното градско подрачје полициските службеници на жените возачи им го честитаа 8-ми март потенцирајќи ја улогата на жената во општеството, а воедно укажуваа и потенцираа на почитување на сообраќајните правила и прописи особено во поглед на - користењето на сигурносен појас, потоа почитувањето на пропишаната брзина на движење, некористење на мобилен телефон при возење и др.. Исто така, беа делени и печатени материјали со едукативна содржина, а изработени во соработка и со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.