08 март 2023

Превентивна активност на Регионалниот центар за гранични работи - Исток

Вчера 07.03.2023 година полициските службеници од Регионален Центар за Гранични работи - Исток, Полициската станица за гранични проверки и надзор „Деве Баир“, реализираа превентивна активност во врска со спречување на криумчарење на акцизна и друг вид на стока.

Полициските службеници на граничниот премин „Деве Баир“ преку непосредни разговори ги информираа патниците на влез и излез од државата за задолжително пријавување на стока при преминување на државната граница, бидејќи тоа го наложуваат позитивните законски прописи кои се дел од националното законодавство. На патниците им беа поделени и летоци со едукативна содржина.