Полициски службеници од полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола при СВР Битола, вчера (02.03.) во средното училиште “Јосип Броз Тито“ во Битола реализираа едукативно-превентивна работилница од областа на сообраќајот.
Притоа, на работилницата полициските службеници ги запознаа учениците од трета и четврта година од ова средно училиште околу сообраќајните правила и прописи, особено важни од аспект на возачи почетници. Исто така, посебно внимание се посвети и околу правилата и прописите при користење на моторцикли, електрични тротинети, велосипеди, што младите најчесто ги користат во сообраќајот.