Во текот на вчерашниот ден (01.03.) Одделението за превенција при СВР Скопје организираше едукативно превентивно предавање од областа на сообраќајот за ученици од основното општинско училиште “Исмаил Ќемал“, на подрачјето на општина Чаир.
Притоа, учениците од второ одделение во рамки на кампањата - “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ преку наменески подготвена видео презентација беа запознати со основните сообраќајни правила и прописи, како и за прописите што се особено важни за пешаците како учесници во сообраќајот.
Исто така, вчера полициски службници од Одделението за превенција при СВР Скопје со децата од предучилишна возраст во приватната градинка “Британска детска академија“ реализираа едукативно-превентивна средба во врска со професијата и улогата на полицискиот службеник. На децата, соодветно нивната возраст, им беа појаснети основни должности и активности на полицискиот службеник односно полицијата со фокус на оние домени на работа кои се интересни за децата – како сообраќајот, заштитата, безбедноста на луѓето и слично.