01 март 2023

„Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“ - превентивно-едукативна кампања на СВР Штип

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, на 27.02.2023, во штипската населба „Автокоманда“, заедно со Здружението на пензионери во Штип, спроведе превентивно-едукативна кампања на тема „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“.

Притоа, на средбата со жители од оваа урбана заедница и претставници на пензионерското здружение полициските службеници ги презентираа основните информации околу проблематката со имотните деликти – кражби, тешки кражби, разбојништва, измами, а каде што честа мета се токму постарите категории граѓани, односно пензионерите.

Воедно на средбата полициските службеници на граѓаните им ги презентираа најважните совети околу препознавањето и замозаштитата на ваквите кривични дела, а особено беше нагласена потребата од комуникација и соработка со полицијата во заштитата и превенцијата од овој вид криминал. Исто така, на граѓаните им беа поделени печатени материјали изработени во соработка со мисијата на ОБСЕ во нашата земја а со содржини поврзани со благовременото пријавување на таквите случаи на бесплатните телефонски броеви 112 и 192.