Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (24.02.) заедно со припадници на сообраќајната полиција и во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на подрачје на општина Карпош, поточно на локации на улицата “Манапо“ реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот.
Во рамки на кампањата “Биди одговорен, не користи мобилен телефон додека возиш“, полициските службеници во непосредна комуникација со граѓаните, пред сѐ со возачите, укажуваа за потребата од стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во поглед на забраната за користење на мобилен телефон додека се управува со моторно возило. Воедно, на возачите им беа поделени едукативни летоци со информативна содржина испечатени во соработка со РСБСП.