23 февруари 2023

Превентивни активности на СВР Скопје

Продолжувајќи со континуираните превентивни активности, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со полициски службеници од полициските станици од општа надлежност Центар и Кисела Вода, денеска (23.02) реализираа две едукативни работилници со ученици од основните општински училишта “Кочо Рацин“ (Центар) и “Круме Кепески“ (Кисела Вода).

Во рамки на работилницата во училиштето “Кочо Рацин“ полициските службеници со учениците од седмо, осмо и деветто одделение говореа за темите – “Семејно насилство“ и “Трговија со деца“, а во училиштето “Круме Кепески“ за учениците од седмо, осмо и девето одделение работилницата беше посветена на темата семејно насилство, односно различните форми и манифестации на овој облик на насилство. Целта на едукативната работилница всушност беше насочена кон подигнување на свеста на учениците кон препознавање, превенција и заштита од овие специфични видови криминогени појави.