Полициски службеници од Отсекот за превенција на СВР Тетово и Одделението за внатрешни работи Гостивар вчера (22.02.2023) во Гостивар иницираа и одржаа средба со директорите на основните и средните училишта, како и со одговорните за образование во гостиварската локална самоуправа.
На средбата беше разгледана и оценета како стабилна вкупната безбедносна состојба во училиштата, при што се искажа задоволство од досегашната двонасочна соработка на училиштата со полицијата и очекување дека истата успешно ќе продолжи и наредниот период. Од раководствата на училиштата беше побарано навреме да ги информираат одговорните полициски службеници за сите тековни или потенцијални безбедносни настани во и околу објектите во кои се изведува настава.
Тие, пак, изразија подготвеност да ги поддржат и активно да учествуваат во реализација на сите планирани превентивни проекти, за кои заеднички беше заклучено дека се мошне корисни и дека ги даваат посакуваните ефекти, посебно во сферата на јавниот ред и мир. На средбата, исто така, стана збор и за други прашања поврзани со сообраќајниот режим во одредени делови од градот, како и за потребата за надминување на поединечни недостатоци.