22 февруари 2023

Превентивна активност на СВР Велес и РСБСП за побезбеден сообраќај

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска (22.02.) заедно со полициски службеници од ОВР Кавадарци на повеќе локации во Кавадарци реализира превентивни активности од областа на сообраќајот.

Под мотото “и јас и ти сме пешаци“ полициските службеници во непосреден контакт со граѓаните укажуваа за клучните фактори за безбедност на пешаците како учесници во сообраќајот. Притоа беше посочена неопходноста од почитување на сообраќајните правила и прописи, пред се во делот на брзината на движење, почитување на сообраќајната сигнализација, неуправувањето на возила под дејство на алкохол или користење мобилен телефон при возење. Воедно на граѓаните им беа делени и едукативни летоци изработени со соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.