22 февруари 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола вчера (21.02.) на подрачјето на Битола и Прилеп, поточно во основните училишта “Гоце Делчев“ (Битола) и “Климент Охридски“ и “Кире Гавриловски“ (Прилеп) реализираа едукативни предавања посветени на злоупотребите преку компјутерски системи.
На предавањата полициските службеници ги запознаа учениците со проблематиката на компјутерските злоупотреби на социјалните мрежи на кои што токму малолетниците се често подлежни како жртви на истите, како и за различните форми на манифестирање на овие злоупотреби почнувајќи од крадење лични фотографии, потоа пласирање на други материјали со порнографски содржини, уцени, сајбер булинг и друго.

На подрачјето на Ресен пак, полициски службеници од СВР Битола реализираа превентивна активност насочена кон заштита на граѓаните од пожари, а спроведена под мото – “Заштита од предизвикување на пожари“. Истовремено, на различни локации во Ресен, беше спроведена и превентивна активност од областа на безбедноста во сообраќајот под мото “Секогаш ставај појас“, во рамки на која што беше делен и едукативен материјал изработен во соработка со РСБСП.