Полициски службеници од Регионален центар за гранични работи -Исток на 20.02.2023 во просториите на Општинското основно училиште „Ванчо Прке“ во Делчево одржаа едукативна работилница на тема: „Превенција од злоупотреба на социјалните мрежи и сајбер насилство“. Преку соодветна едукативна презентација и разговори, учениците беа запознаени со злоупотребите на социјалните мрежи, пред сѐ сајбер насилството, говорот на омраза, како да ги препознаат формите на сајбер насилство и да се заштитат од ваквите појави.