17 февруари 2023

Превентивни активности на СВР Охрид

Денеска (17.02.) од страна на Отсекот за превенција при СВР Охрид на повеќе локации на подрачјето на Охрид беше спроведена превентивна активност за заштита и превенција од имотни деликти, при што на граѓаните, пред се повозрасните лица и пензионери, како категорија граѓани кои се најчеста мета на овие кривични дела – им беа презентирани практични искуства и совети за заштита и превенција од овие облици на криминал. Особено беше нагласена потребата од благовремено препознавање и пријавување на ваквите случаи на полицијата. Воедно на граѓаните им беа делени и печатени материјали со едукативни содржини.

Инаку и вчера (16.02.) Отсек за превенција при СВР Охрид заедно со полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Струга реализираше превентивни активности, односно беа одржани три едукативни работилници на тема – “Говор на омраза“ со ученици од прва година од средното училиште “Нико Нестор“ од Струга. Притоа учениците беа запознаени со штетноста и последиците од говорот на омраза, особено кај младата популација и начините за препознавање и превенција од оваа девијантна појава.