СВР Битола продолжи со реализација на новата превентивна кампања “Безбеден град -безбедна заедница“, во рамки на која полициски службеници од криминалистичката полиција, од полициската станица од општа надлежност Битола и од сообраќајната полиција при СВР Битола одржуваат средби со граѓани и претставници на урбани и месни заедници на подрачјето на градот.
Досега беа организирани дванаесет такви средби со граѓани, а вчера (16.02.) беше посетена населбата Даме Груев каде што во непосредна комуникација со граѓаните и претставниците на месни заедници се разговараше околу имотните деликти, измамите, сообраќајните проблеми, а особено беше нагласена потребата со поблиска соработка и комуникација со полицијата како сервис на граѓаните, а во интерес на безбедноста на граѓаните. Инаку, предвидено е во текот на наредниот период да се одржат уште дванаесет вакви средби со граѓани на подрачјето на Битола.