Во текот на вчерашниот ден (16.02.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа едукативна работилница во Кавадарци со учениците и корисниците на услугите во училишниот интернат “Крсте Петков Мисирков“.
Притоа, во рамки на работилницата беа опфатени повеќе теми од значење за учениците, почнувајќи насилство во улилиштата, потоа врсничкото насилство, како и за сајбер булингот. На учениците им беа укажани начините за превенција од овие девијантни појави, односно методите што треба да се користат во справување со овој вид на негативно однесување помеѓу младите.