16 февруари 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, како и полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод денеска (16.02.) во Битола со осмооделенците од основното училиште “Трифуни Пановски“ и со средношколците од средното училиште “Свети Наум Охридски“ во Македонски Брод реализираа едукативни работилници на темата со компјутерските злоупотреби на социјалните мрежи.

Притоа учениците во рамките на двете работилници беа запознаени со можните злоупотреби при користење на социјалните мрежи, потоа за сајбер булингот каде што жртви многу често се малолетниците, а посебно внимание беше посветено на заштитата на младите од последиците од комјутерските злоупотреби.